Проблеми
-
Аеродром Улица
- Тежина 5
- Гласови 0
- Статус пријавен
Станува збор за мала уличка што ги поврзува улиците Петар Ацев и Анастас Митрев. Уличката е раскопана веќе 3 години и се уште не е асфалтирана затоа што некој „мудрец“ предвидел дека треба да биде проширена на 9 метри. Проширувањето запре само што почна бидејќи дворовите на повеќето жители им се откупени и си бараат надомест за да се откажат од нив. Секако, потреба од проширување нема, бидејќи уличката служи само за жителите да си влезат дома. Сега тоа го прават во прашини до колена кога е суво или во кал до колена кога врне. Се’ што треба да направи општината е да ја асфалтира улицата таква каква што е, без никакво проширување и комплицирање. Инаку улицата-ораница се наоѓа на 5 минути од строгиот центар на Скопје.
пред translation missing: mk.datetime.distance_in_words.almost_x_years
-
Аеродром Ѓубре
- Тежина 5
- Гласови 0
- Статус пријавен
Улицата Петар Ацев во Мичурин не беше слепа улица се’ до реконструкцијата од пред половина година. Претходно беше раскопана со години и сега, кога конечно ја направија, на неа нема ниту еден контејнер иако жителите редовно си плаќаат комуналии. За да фрлат ѓубре треба да одат до една од соседните улици - Анастас Митрев (преку цел блок) или до улицата кај што порано поминуваше 5-ка (не знам како се вика). Проблемот е повеќепати пријавуван во општина, а одговорот е дека камионите не можеле да вртат во слепа улица. Друго решение не се ни обидуваат да најдат. Притоа морам да додадам дека апсолутно бесмилсено е решението улицата да биде слепа, немаше потреба да ја затворат, туку само да ја асфалтираат откако ја копаа 3 години. На истата улица, не се направени тротоарите, па жителите паркираат на улица, така од улицата останува за движење помалку отколку што беше пред проширувањето.
пред translation missing: mk.datetime.distance_in_words.almost_x_years
-
-
Аеродром Автобуска станица
- Тежина 2
- Гласови 0
- Статус пријавен
Скршено стакло забележано во автобус број 5 (автобусот со wireless интернет).
пред translation missing: mk.datetime.distance_in_words.almost_x_years
-
Аеродром Автобуска станица
- Тежина 5
- Гласови 0
- Статус пријавен
aa
пред translation missing: mk.datetime.distance_in_words.almost_x_years
